Фудбал

Шкотски навивачи со килтови трчаат на Скопскиот маратон! (ФОТО)

Шкотски навивачи со килтови трчаат на Скопскиот маратон! (ФОТО)

Денеска на скопските улици се одржува најмасовниот спортски настан на годината, традиционалниот маратон, а интересно, на него може да се видат и шкотски навивачи.

Шкотската фудбалска репрезентација синоќа играше во Скопје против Македонија, а тоа автоматски значи и многу навивачи од оваа земја во нашиот главен град.

И покрај тоа што имаа бурен ден и бурна ноќ, дел од нив денеска трчаа на Скопскиот маратон носејќи ги своите традиционални килтови.