Тимот од Арачиново му го нанесе првиот пораз на тимот на Брегалница во Штип.
Три бода за Шкендија Арачиново во пресметката со Брегалница во Штип. После победите над Башкими и над Арсими, штипјани застанаа на две победи оваа сезона.
Во првиот дел по некоја шанса за двата тима, но се замина на повувреме со „мирни“ мрежи. Стојанов имаше прва прилиа, но неговиот обид со глава отиде крај голот. Шанса за Шкендија Арачиново преку Личина, чиј удар го одбрани Јашар во корнер.
Столевски имаше успешна одбрана во 31. минута, и не дозволи да се тресе неговата мрежа.
Во вториот дел мирно се играше се до 85. минута. Тогаш „џокерот“ Аритон Мехмед стигна до 20 метри и одкосо од десно упати силен удар, топката се одби од еден одбранбените играчи на Брегалница, и заврши во голот на домашните.
Во 95. минута од средбата, Фазлагиќ доби црвен картон, но немаше време за Брегалница, па така гостите ги однесоа бодовите за Арачиново.