Eкипата на Шкендија Арачиново излезе со реакција по денешниот натпревар против Струга жалејќи се на однесувањето на главниот судија на натпреварот Влатко Илиoски.
Тимот од Арачиново објави соопштение на социјалните мрежи во кое тврди дека судијата Илиоски во 88. минута од средбата му се обратил на нивниот капитен, Бесир Демири со зборовите „мајмун неписмен“.
„Сметаме дека ваквиот речник е апсолутно неприфатлив за еден фудбалски судија и отвора сериозни сомнежи за навреда со расистичка конотација, особено имајќи предвид дека на теренот настапуваа и двајца темнокожи фудбалери од противничкиот тим. Токму овој инцидент предизвика тензии и по завршувањето на натпреварот, кои можеа да бидат избегнати доколку судијата покажеше професионалност и почит кон фудбалерите.Нашиот капитен достави официјална писмена изјава до делегатот на натпреварот, во која нагласи дека постојат и сведоци на инцидентот. Бараме од ФФМ да ја објави аудиоснимката од 88. минута, да го испита случајот и да преземе соодветни мерки доколку се потврдат овие наводи“, истакнуваат од Шкендија.
Натпреварот арачиновци го загубија со 2-0, а претходно во првото полувреме Илиоски по старт во шеснаесетникот го исклучи нивниот дефанзивец, Мартин Тодоров.



