Фудбал

Шведска тренира на стадион кој е демолиран (ВИДЕО)

Шведска тренира на стадион кој е демолиран (ВИДЕО)

Шведската фудбалска репрезентација ја заврши групната фаза и се подготвува за нокаут предизвикот на Светското првенство.

Се појави видео на кое се гледа дека Швеѓаните тренираат на стадион кој делумно е демолиран.

Се работи за „Тојота Стадион“, каде што игра ФК Далас. Источната трибина е демолирана и треба да биде реновирана.

Освен трибината која е демолирана, стадионот е функционален, одличен е и теренот, па за Швеѓаните можеби проблем беше само непријатната глетка.