Фудбал

Чурлинов е во одлична форма: Македонецот со нов погодок за Погон (ВИДЕО)

Чурлинов е во одлична форма: Македонецот со нов погодок за Погон (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов потврди дека се наоѓа во одлична форма во дресот на Погон, откако денеска погоди против Раков.

Чурлинов уште во петтата минута од натпреварот успеа да ја затресе мрежата на Раков и да донесе предност за Погон.

Раков имаше пенал за израмнување во 40. минута, но истиот не беше реализиран од домаќините. Меѓутоа, Патрик Макуч во 47. минута стрелаше за 1-1.

Голот на македонскиот репрезентативец од петтата минута против Раков може да се погледне ТУКА.