Реклама
Arena Sport
Ракомет

Чупиќ: Скапо ја продадовме кожата во ЛШ, сакаме да завршиме со победа!

Чупиќ: Скапо ја продадовме кожата во ЛШ, сакаме да завршиме со победа!

Македонскиот шампион Вардар го игра последниот меч во Лигата на шампиони (ЛШ) за оваа сезона против германски Мелсунген.

Тренерот на скопскиот тим, Иван Чупиќ кажа дека Мелсунген доаѓа во Скопје со јасна цел, а тоа е да обезбедат место во главната фаза, но Вардар има голем мотив да ги израдува своите навивачи.

Реклама
Arena Sport

„Нè очекува уште еден меч од ЛШ, за жал тоа е последен натпревар за нас во ова натпреварување. Мелсунген доаѓа тука да си избори место за главната фаза. Ние по два порази во „Јане Сандански“ сакаме да победиме и да им подариме на навивачите триумф. Тие нè бодреа максимално, сакаме да им се оддолжиме на нашите навивачи и да им кажеме да не се откажуваат од нас дека имаме уште цела сезона пред нас и во Лига Европа и во македонската лига. Ќе зборувам и со играчите дека мора да го прекинеме негативниот низ во Јане Сандански и да им се оддолжиме на навивачите. Сакав да сме сега под притисок, победа да нè носеше во главната фаза но тоа е, што е.

Скапо ја продадовме кожата во ЛШ, пруживме отпор на сите. Подобро ќе ми беше ако сега подготвував натпревар за пласман понатаму отколку вака. Но, како и секогаш ќе бидеме максимално подготвени за натпреварот. Пред нас е важна недела. Се надеваме дека сега ќе влеземе во победничка серија, тоа ни е важно, да победуваме во низа.Сега имаме три или четири по ред и се надеваме дека тој победнички низ ќе продолжи. Тоа дава самодоверба кај играчите, во моментов тоа ни е целта. Кога играш за Вардар мора секогаш да победуваш, важно ми дека имаме тим кој е амбициозен, кој сака да се подобрува, кој сака да се натпреварува со сите. Но, фактот што сме четврти од четири екипи, значи дека не сме биле подобри од другите три. Може ние да се жалиме, да ја бараме причината, но табелата го покажува тоа. Мо тренираше индивидуално, нема болки, сега треба да се приклучи на тимските тренинзи, па ќе видиме дали ќе биде подготвен за Мелсунген. Бомештар би требало да се врати по репрезентативната пауза. Другите се подготвени за игра“, кажа Чупиќ.

Чупиќ пред последниот меч од ЛШ зборуваше и за играта со четири бека без пикер.

„Во последните две сезони играта со четири бека најмногу ја игра Лемго, тоа е нешто ново, нешто на кое не се навикнати многу екипи. Тоа не го трениравме до турнирот во Охрид, но откако останавме без пикери поради повреди, почнавме да ја тренираме и таа тактика. Ја игравме во наредните натпревари, сега го воведовме тоа во нашата игра и еднаш неделно го тренираме. Нашата екипа добро се снаоѓа во тоа и го применуваме во зависност од ситуацијата. Имаме многу квалитет во нашата екипа, имаме многу работи кои можеме да ги кренеме на повисоко ниво“, посочи Чупиќ.

Натпреварот меѓу Вардар и Мелсунген се игра в среда од 18.45 часот.

Реклама
Arena Sport