Денвер Нагетс направи чудесен пресврт против Њу Орлеанс и славеше со 141-135, откако во еден момент имаше негатива од дури 23 поени.
Њу Орлеанс тргна жестоко во натпреварот и во првата четвртина стигна до 38-24. Денвер не успеа да го пронајде ритамот и одбраната делуваше ранливо, а тоа знаеше како да го искористи ривалот.
Денвер во еден момент имаше негатива од 23 поени, но почна да се буди во завршницата од натпреварот каде што Јокиќ и Мареј беа главни на паркетот.
Јокиќ беше главен на теренот, откако запиша 35 поени, 15 скокови и 10 асистенции за да стигне до 199 трипл-дабл во кариерата. Од голема помош беше и Џамал Мареј, кој го заврши дуелот со 42 поени.