Четиригодишен навивач на Расинг доби топка во лице по ударот на Орелиен Чуамени на натпреварот против Реал Мадрид. По завршувањето на средбата, момчето имаше можност да се запознае со фудбалерите, а Килијан Мбапе се пошегува на сметка на својот соиграч.
Реал Мадрид вчера славеше убедлива победа од 3-0 на гостувањето кај Расинг Сантандер, на стадионот „Ел Сардинеро“. Во текот на натпреварот, Чуамени се обиде да постигне гол со удар од работ на шеснаесетникот, но топката заврши високо над голот и го погоди момчето кое седеше во долниот дел од трибината.
По натпреварот, од Реал Мадрид во знак на извинување ги покани момчето и неговиот татко за да се запознаат со фудбалерите. Прв до него пристигнал токму Чуамени, кој му подари дрес со свој потпис.
Во тие моменти момчето го забележа и Мбапе, а францускиот напаѓач веднаш му пријде прашувајќи го дали е добро, а потоа и се пошегува на сметка на својот соиграч.
„Чуамени е виновен, нели? Чуамени не знае да шутира“, искоментира Мбапе низ шега, по што се фотографираше со момчето и неговиот татко.