Други спортови

„Чиста кражба“ – македонската делегација во Таранто ќе поднесе приговор за поразот на Ален Рустемовски

„Чиста кражба“ – македонската делегација во Таранто ќе поднесе приговор за поразот на Ален Рустемовски

Делегацијата на Македонија во разговори со делегатите, ќе ги разгледа можностите да поднесе приговор и да ја оспори победата на противникот на Рустемовски во полуфиналето.

Македонскиот боксер Ален Рустемовски е поразен во полуфиналето на Медитеранските игри од Шпанецот Марин Хернандез во категоријата до 60 килограми. На крајот пораз со 4:1 на поени, но работите може да се сменат откако од македонската делегација се разгледуваат сите можности за приговор против судиите.

Нашата делегација смета дека победата на Хернандез е нерегуларна, односно дека арбитрите биле пристрасни.

„Чиста кражба“, велат од делегацијата, и сега ги разгледуваат можностите за поднесување на приговор, за да се оспори триумфот на Шпанецот.

„Во разговор сме со официјалните лица, и ги проверуваме опциите за приговор“, велат од делегацијата.

Судии беа Ким Ми Је од Јужна Кореја, Криштоф Грзелак од Полска, Фахрад Рахманов од Азербејџан, Џасим Џавад Неамах од Ирак и Али Елабд од Египет. Само судијата од Азербејџан додели поен за Рустемовски, додека останатите беа на страната на Шпанецот.