Енцо Фернандез е еден од најдобрите фудбалери на Челси, па лондонскиот клуб објави пост со радост по неговиот гол против Англија, но тоа не помина најдобро кај фановите.
Веднаш по голот на Фернандез, официјалниот профил на Челси објави фотографија од аргентинскиот играч од средниот ред, придружена со неговото име и емотикон што симболизира експлозија, прославувајќи го погодокот на својот фудбалер.
Веднаш по објавата, следуваше лавина на реакции од фановите на Челси. Дел од нив беа: „Ние сме англиски фудбалски клуб. Срамота за мојот клуб“, „Зошто го објавувате ова кога сме англиски клуб, а голот е постигнат против Англија?“….
Набрзо следуваа десетици слични коментари, а многумина оценија дека клубот целосно го изгубил чувството за моментот. Под силен притисок од навивачите, Челси за кратко време ја избриша спорната објава.
