Англискиот гигант Челси води во трката со Арсенал за потписот на напаѓачот на Монца, Густаво Варела, кој воодушеви оваа сезона.
Варела има одлични настапи во дресот на Монца оваа сезона, односно на 10 меча постигна 11 голови и една асистенција во сите натпреварувања.
Португалскиот напаѓач привлече голем интерес, а италијанските медиуми пишуваат дека неговиот последен настап го следеле скаути од повеќе тимови, меѓу кои се Борусија Дортмунд, Брентфорд, Брајтон, Фулам, Њукасл и Лајпциг.
Вредноста на Варела во моментов се проценува на пет милиони евра, која нема да биде проблем за гигантот.



