Со своите настапи на Мундијалот, францускиот централен бек го сврте вниманието на лондонските гиганти.
Откако вчера стана јасно дека Челзи понудил рекордна сума за англискиот репрезентативец Морган Роџерс, денес англиските медиуми објавија дека Лондончани веќе започнале официјални преговори за францускиот репрезентативец Максенс Лакроа. Централниот дефанзивец на Кристал Палас беше во составот на „Петлите“ во поголемиот дел од нивните последни два натпревари на Светското првенство.
Во полуфиналето со Шпанија, тој го замени тешко повредениот Вилијам Салиба во 30-тата минута , а синоќа беше стартер против Англија во натпреварот за третото место и ја доби третата највисока оценка во тимот на Дидие Дешан, иако одбраната на Франција прими дури шест гола.
Според медиумите, Арсенал е заинтересиран и за 26-годишниот Лакроа, кого „Орлите“ го проценуваат на 55 милиони фунти.
Пред неколку дена, „Мирор“ објави дека „Стемфорд Бриџ“ се подготвени да го понудат Трево Чалоба од Кристал Палас како адут за потписот на Лакроа.