Избраниците на Иван Чупиќ на најдобар можен начин дојдоа до првиот триумф во Лигата на шампионите.
Вардар дојде до првата победа во Лигата на шампионите оваа сезона, откако сензационално триумфираше на гостувањето кај Нант со 27:33. Иако македонскиот првак важеше за аутсајдер во овој натпревар, сепак, на крајот „црвено-црните“ успеја да слават. Со овие шест голови разлика може да бидат среќни и Французите, затоа што Вардарци може да слават и поубедлива победа.
Избраниците на Иван Чупиќ одиграа одличен натпревар во Франција. Во првиот дел заминаа со три гола разлика, а потоа одиграа уште подобро во вториот дел, кога ситнгаа до предност дури и со 10 голови разлика.
На половија од првиот дел имаа предност од 7:11, благодарение на одбраните на Валах.
Вардарци влегоа во криза во нападот во следниот период, па во 24. минута домаќинот доојде на само минус еден (11:12). До крајот на првиот дел „црвено-црните“ беа подобар противник па на пауза заминаа со позитива од 13:16.
Веднаш на стартот на вториот дел Нант успеаја да намалат на едн гол, меѓутоа веднаш „црвено-црните“ повторно дојдоа до три гола, а потоа и до четири, а по една серија од 0:4, дојдоа и до 17:24, предност која беше клучна за победа на Вардар.
Вардар само ја подигнуваа играта, во еден миг има и предност од 23:33. На крајот Нант само успеа да ублажи.