Кошарка

Црвена Звезда со „стотка“ го декласира Макаби во Евролигата

Црвена Звезда со „стотка“ го декласира Макаби во Евролигата

Српскиот кошаркарски гигант Црвена Звезда славеше со 100-78 против Макаби Тел Авив во осмото коло од Евролигата, а со тоа им се врати на победите во елитното натпреварување.

Кошаркарите на Црвена Звезда моќно го отворија натпреварот и ја добија првата четвртина со 34-15, по што продолжи доминацијата и во вторите 10 минути за на паузата да заминат со 55-30.

Макаби Тел Авив не успеа да приреди изненадување во продолжение од натпреварот, па до крајот на средбата ја намали негативата на 78-100.

Најефикасен во редовите на „црвено-белите“ од Белград беше Тајсон Картер со 24 поени, пет скокови и три асистенции, додека на спротивната страна блесна Џими Кларк со 19 поени и две асистенции.

Ц. Звезда има пет победи по осум одиграни кола, додека Макаби има само два триумфи.