Ракомет

Хориха доби „зелено светло“ да игра за Македонија – Лазаров: Се надевам дека со него ќе бидеме подобри

Хориха доби „зелено светло“ да игра за Македонија – Лазаров: Се надевам дека со него ќе бидеме подобри

Украинецот доби дозвола и ќе може да игра за Македонија, а селекторот Лазаров се надева дека ќе ја подобри репрезентацијата.

Дмитро Хориха во иднина ќе го носи дресот на Македонија. Ова го потврди селекторот Кире Лазаров на прес-конференција денеска.

Украинецот беше во процедура за добивање право на настап за нашата селекција, и сега е тоа веќе завршено, па така Хориха наскоро ќе биде дел од националниот тим.

„Прашање на време беше кога Хориха ќе добие дозвола за настап за Македонија, сега тоа е потврдено и верувам дека секогаш кога имаме шанса за ваков играч не треба да размислуваме. Хориха имаше одлични настап кај нас за Вардар, беше еден од лидерите на тимот. Премина во уште посилна лига во Унгарија и таму има голема улога. Тој е играч со квалитет за Лига на шампиони и ако добро се вклопи во тимот, може да придонесе да бидеме уште поквалитетни. Многу пати покажал дека има победнички карактер и во Македонија и во ПИК Сегед, се надевам ќе бидеме за нијанса подобри, посебно на големите натпреварувања каде ритамот е силен“, рече Лазаров.