Ракомет

Хориха: Вардар е причината што ќе заиграм за Македонија, ќе доаѓам секогаш кога сум повикан

Хориха: Вардар е причината што ќе заиграм за Македонија, ќе доаѓам секогаш кога сум повикан

Македонската ракометна репрезентација денеска го имаше првиот собир за почетокот на квалификациите за Европското првенство, а за првпат дел од нашата селекцвија е Дмитро Хориха.

Поранешниот ракометар на Вардар кој сега настапува за ПИК Сегед доби право да ги брани боите на Македонија и не крие дека за него тоа претпставува голема одговорност.

„Прв повик за селекцијата на Македонија. Ова е голема одговорност. Сакам да покажам колку сум спремен и да му помогнам на овој тим. Немаме многу време за подготовки, но јас ќе го дадам својот максимум на секој натпревар“

Не ја крие Хориха и желбата да игра за Македонија, порачувајќи дека секогаш, кога ќе биде подготвен ќе се става на располагање.

„Голема благодарност за сите македонски навивачи. Вардар е причината што јас ќе заиграм за Македонија, поддршката од македонските фанови ја забележувам и сега. Сакам да играм за Македонија и ќе доаѓам секогаш кога ќе бидам повикан. Знам дека ќе чувствувам притисок, но ќе се справам со него. Има огромна разлика од ракометот и атмосферата во Македонија отколку во Украина“, истакна новиот бек на Македонија, кој на крај откри дека ја учи македонската химна

Прв противник за нашата селекција во квалификациите е Луксембург в среда од 19:00 часот.