Ракомет

Херој на вечерта – Милош Валах! (ВИДЕО)

Херој на вечерта – Милош Валах! (ВИДЕО)

Голманот на Вардар, Милош Валах, со 17 одбрани беше еден од најзаслужните ракометари на црвено-црните во победата на Нант, ЕХФ му посвети посебно внимание.

Вардар синоќа го победи Нант со убедливи 33-27, а Валах беше посебна приказна на овој натпревар. Со своите одбрани ги излудуваше противничките ракометари и ги откажа од шансата за победа.

Медиа тимот на ЕХФ го прогласи за херој на вечерта и објави неколку негови одбрани.