Фудбал

Херојски потег на капитенот на Реал: Мурињо откри што направил на „Ел Класико“

Херојски потег на капитенот на Реал: Мурињо откри што направил на „Ел Класико“

Португалскиот тренер Жозе Мурињо беше пресреќен по победата на Реал Мадрид од 2-1 над Барселона во „Ел Класико“, но посебно го пофали капитенот Федерико Валверде.

Валверде одигра повеќе од 40 минути со повреда, но одлучи да продолжи и покрај проблемите.

„Има уште едно име што не сакам да го заборавам. Валверде играше повреден повеќе од 40 минути. Се повреди, но сакаше да остане нс терен. Додека беше на теренот, даде сè од себе“, кажа Мурињо.

Реал Мадрид со триумфот во „Ел Класико“ ја запре победничката серија на Барселона во Ла Лига.