nekategorisano

Херера со асистенција, Растодер и Панатинаикос испуштија добра предност пред реваншот

Херера со асистенција, Растодер и Панатинаикос испуштија добра предност пред реваншот

Левиот бек асистираше за првиот погодок на својот тим во победата од 1-3 против Викингур.

Неколку македонски репрезентативци имаа настапи во првите натпревари од плеј-офот за пласман во лигашката фаза на Лигата на конференции.

Најмногу причина за задоволство има Себастијан Херера, кој беше асистент во победата на Борац Бања Лука со 3:1 на гостувањето кај Викингур. Македонскиот репрезентативец му асистираше на Лука Јуричиќ за првиот гол на босанскиот тим во 21. минута.

Борац до полувремето стигна и до втор гол, а и покрај тоа што Викингур намали од пенал, гостите во продолжението постигнаа уште еден погодок и со победата направија голем чекор кон пласман во следната фаза. Реваншот ќе се игра на 27 август.

Дамјан Шишковски овојпат остана на клупата за резерви.

Елмин Растодер за Панатинаикос играше во последните 17 минути, кога неговиот тим „прокоцка“ предност од 2-0 против Храдец Кралове. На крајот чешкиот тим стигна до израмнување, и до поволна позиција пред реваншот на свој терен.

Најнеизвесно ќе биде во двомечот на Дрита. Тимот предводен од Ардијан Нухију одигра 2:2 против Интер Ескалдес, па одлуката за патникот во лигашката фаза ќе падне на реваншот во Андора.