Реклама
Arena Sport
Фудбал

Хајдук го победи Ајакс, па се извинуваше!

Хајдук го победи Ајакс, па се извинуваше!

Хајдук го победи Ајакс со 2-1 на Пољуд, триумфалната вечер во Сплит остана во сенка на инцидентот на трибините. Поради пиротехниката што ја активираше „Торцида“, натпреварот во 77. минута беше прекинат на 12 минути, па клубот поради тоа би можел да се соочи со сериозна казна од УЕФА.

Свесни дека однесувањето на дел од навивачите фрли сенка врз успехот на екипата, од Хајдук упатија јавно извинување до гледачите на стадионот, телевизиската публика, но и до претставниците на Ајакс и УЕФА.

Реклама
Arena Sport

„Хајдук е секогаш со своите навивачи, кои сите овие години му даваат безрезервна поддршка и му даваат ветер во грб. Сепак, кога ќе се случат вакви ситуации, должни сме да им се извиниме на сите што дојдоа на стадионот да ја бодрат екипата при нејзиното враќање во европските натпреварувања по 16 години, како и на илјадниците луѓе што историската победа против Ајакс ја следеа крај малите екрани“, се наведува во соопштението на клубот.

Од Сплит истакнуваат дека ги презеле сите мерки што биле должни да ги спроведат во согласност со правилата на УЕФА, но не бегаат од одговорноста за тоа што се случило.

„Им се извинуваме и на организаторот на натпреварувањето, како и на раководството и играчите на Ајакс, кои присуствуваа на сцени по кои не сакаме Европа да нè помни. Хајдук направи сè што можеше и мораше, но, и покрај вложените напори, се случи нешто со кое не се гордееме. Подготвени сме како клуб да сносиме одговорност“, порачаа од Хајдук.

На крајот ги повикаа навивачите да продолжат да ја поддржуваат екипата, со надеж дека слични сцени повеќе нема да се повторуваат.

Реклама
Arena Sport