Фудбал

Хасукиќ блесна со два гола, Силекс го елиминира Пелистер од Купот

Хасукиќ блесна со два гола, Силекс го елиминира Пелистер од Купот

Фудбалерите на Силекс триумфираа против второлигашот Пелистер со 3-0 и се пласираа во четвртфинале на Купот на Македонија.

Екипата од Кратово тргна жестоко во натпреварот и сите три погодоци ги постигна во првиот дел. Најпрво стрелаше Есмир Хасукиќ со глава во 11. минута, а потоа истиот фудбалер зголеми на 2-0 со погодок во 33. минута.

Само две минути подоцна Никола Манојлов ја искористи грешката на голманот на Пелистер, Димовски и стрелаше за конечни 3-0.

Пелистер во вториот дел се обидуваше да направи нешто поконкретно на теренот, меѓутоа не успеа да постигне гол во мрежата на Силекс.