Фудбал

Хаос на фудбалски меч во Србија: Играчите се степаа, па на терен влегоа и навивачите! (ВИДЕО)

Хаос на фудбалски меч во Србија: Играчите се степаа, па на терен влегоа и навивачите! (ВИДЕО)

Натпреварот меѓу Трлиќ и Јуниор од пониските лиги во Србија беше прекинат по масовна тепачка меѓу фудбалерите, во која подоцна се вмешаа и навивачи од трибините.

По еден прекршок следеше вистински хаос на теренот. Дел од фудбалерите почнаа да се пресметуваат со боксови и клоци, а потоа на теренот влегоа и навивачи кои исто така се вклучија во пресметката.

Хаосот на теренот траеше неколку минути, а засега нема дополнителни информации за евентуални казни на учесниците во тепачката.