Англискиот гигант Манчестер јунајтед се наоѓа во тешка ситуација бидејќи има лоши резултати на почетокот на сезоната, а со тоа расте притисокот врз тренерот Мајкл Керик, но од клубот би можеле да си заминат уште неколку фудбалери во јануари, меѓу кои и капитенот Бруно Фернандеш.
По мизерниот старт на сезоната за „ѓаволите“, тренерот Керик се соочува со отказ, а наводно куферите веќе ги спакувал и капитенот Фернандеш, кој би можел во јануари да потпише за нов тим.
Португалецот по седум години се очекува да си замине од „Олд Трафорд“, а веќе има понуди од Турција и Саудиска Арабија, каде што му нудат одлични финансиски услови.
Фернандеш пристигна во Манчестер во јануари 2020 година, а притоа стана главен фудбалер на тимот и запиша 111 голови и 109 асистенции на 337 настапи за „црвените ѓаволи“.