Фудбал

Хаос во Франција: Ограбени и уништени продавниците на два фудбалски гиганта (ВИДЕО)

Хаос во Франција: Ограбени и уништени продавниците на два фудбалски гиганта (ВИДЕО)

Официјалните продавници на француските фудбалски клубови Марсеј и Лил беа ограбени и вандализирани за време на насилните протести кои ја зафатија Франција.

Продавниците на Олимпик Марсеј и Лил претрпеле значителна материјална штета, откако разбојници го уништиле и ограбиле, поради што клубовите се приморани да ги затворат локалите привремено.

Екипите соопштија дека објектите ќе останат затворени во следниот период, а засега не е познато кога ќе бидат повторно отворени за купувачите.