Фудбал

Халанд главен во победата на Норвешка над Сенегал, Алжирците со пресврт го урнаа Јордан (ВИДЕО)

Халанд главен во победата на Норвешка над Сенегал, Алжирците со пресврт го урнаа Јордан (ВИДЕО)

Во исклучително динамичен дуел со дури пет погодоци, Норвешка извојува победа од 3-2 против Сенегал, предводена од двојниот стрелец Ерлинг Халанд. Алжир мораше да прави целосен пресврт во второто полувреме за да слави со 2-1 против Јордан.

Скандинавците го скршија отпорот на противникот во 43. минута кога Педерсен ја затресе мрежата, што воедно беше и единствениот гол пред заминувањето на пауза.

Веднаш по стартот на вториот дел, во 48. минута, Халанд зголеми на 2-0. Сенегалците брзо реагираа и само пет минути подоцна преку Сар успеаја да ја преполоват негативата на 2-1.

Сепак, неизвесноста не траеше долго. Извонредниот Халанд во 58. минута уште еднаш покажа зошто е еден од најдобрите напаѓачи и со својот втор гол ја врати предноста од два разлика, 3-1.

Конечниот резултат од 3-2 беше поставен во судиското надополнување, кога Сар исто така по вторпат се запиша во листата на стрелците.

Во вториот натпревар, фаворизираниот Алжир неочекувано наиде на тврд орев во репрезентацијата на Јордан и не дојде лесно до трите бода.

Јорданците приредија шок кога во 36. минута преку Ал Рашдан стигнаа до изненадувачко водство, резултат со кој заминаа во соблекувалната.

Иницијативата на Алжир конечно вроди со плод во 69. минута преку израмнувачкиот погодок на Бенбоали. Целосниот пресврт и тешката победа од 2-1 ја обезбеди Гуири со прецизен удар во 82. минута од средбата.