Формула 1 и Меѓународната автомобилистичка федерација (ФИА) го потврдија календарот за сезоната 2027, која ќе донесе 24 трки, но и значително повеќе спринт-трки.
Бројот на спринт трки е зголемен од шест на десет, па љубителите на Формула 1 ќе имаат уште повеќе натпреварувачка акција во текот на сезоната.
Сезоната ќе започне на 14 март 2027 година со Големата награда на Бахреин, додека последната трка ќе се вози на 12 декември во Абу Даби.
Пред почетокот на шампионатот, официјалните предсезонски тестирања ќе се одржат во Бахреин од 24 до 27 февруари.
Во 2027 година спринт-трки за првпат ќе се возат во Бахреин, Австралија, Јапонија, Монако и Абу Даби.
Останатите пет спринт-викенди ќе се одржат во Канада, Велика Британија, Италија, Бразил и Катар.
Календарот носи и две значајни промени во однос на актуелната сезона. Во шампионатот се враќаат Португалија и Турција, со што Формула 1 повторно ќе гостува на две добро познати европски и блискоисточни дестинации.
Претседателот и извршен директор на Формула 1, Стефано Доменикали, истакна дека новиот календар комбинира традиционални патеки со нови дестинации и дополнителна динамика преку зголемувањето на бројот на спринт-викенди.
Така, сезоната 2027 ќе донесе 24 Гран при трки и вкупно 10 спринт-трки, што претставува најголем број спринт-настани досега во Формула 1.