Денешното дерби во Првата фудбалска лига на Македонија заврши без погодоци, но возбудувањата не недостасуваа.
Дуелот донесе дури три поништени гола, еден на Шкендија во првото полувреме и два на Вардар во самата завршница од натпреварот.
Набрзо по дуелот се огласија и од Фудбалската федерација на Македонија од каде што потврдија дека ВАР постапил исправно во сите три ситуации и судиите исправно ги поништиле погодоците.
„Имено, при акцијата на ФК Шкендија во 30. минута, како и во 89. и 93. минута, кога ФК Вардар постигна погодок, беа донесени три исправни ВАР одлуки, во целосна согласност со Правилата на фудбалската игра и ВАР протоколот. Преку цртање на офсајд линии правилно беа решени три клучни ситуации при постигнување на голови по претходни офсајд прекршоци. Судиите на теренот и ВАР-судиите покажаа одлична координација, добра процена и доследна примена на правилата во сите три ситуации.
И покрај обидите за поинакво прикажување на судењето, остануваме цврсто посветени на регуларноста на натпреварувањето, со доследно почитување на Правилата на фудбалската игра и ВАР протоколот“, стои во реакцијата на федерацијата.
Ситуациите можете да ги погледнете – ТУКА.