Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) објави информации за билетите за следниот натпревар на Македонија во Скопје, дуелот со Швајцарија кој се игра на 26 септември.
Влезниците ќе чинат од 500 денари до 1.800 во зависност од местото на седење. Има и ВИП билети од 3.000 денари.
Соопштението на ФФМ ви го пренесуваме во целост:
„Фудбалската федерација на Македонија ги информира навивачите и љубителите на фудбалот дека продажбата на влезниците за натпреварот Македонија – Швајцарија, кој ќе се одигра на 26 септември (сабота) на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе започне на 10. септември (четврток).
Цената на влезниците се движи од 500 до 1.800 денари, во зависност од блокот и местото на трибините. ВИП билет чини 3.000 денари. Цените и достапните места по блокови ќе бидат детално прикажани на мапата на Националната арена „Тодор Проески“, преку официјалната платформа за електронска продажба на билети на ФФМ: eticket.ffm.mk
Во рамки на септемврискиот циклус од Б групата на УЕФА Лигата на нации, македонската репрезентација ќе гостува и кај Словенија. Влезниците за натпреварот Словенија – Македонија, кој ќе се одигра на 29. септември на стадионот „Стожице“ во Љубљана, ќе бидат пуштени во продажба на 14. септември.
Наскоро ќе бидат објавени и официјалните информации за продажбата на билети за натпреварите Македонија – Шкотска (3. октомври) и Швајцарија – Македонија (6. октомври) во Луцерн“, се вели во соопштението.