Фудбал

ФФМ ги пофали судиите во ПМФЛ и ВМФЛ: Одлична арбитража и навремени ВАР интервенции

ФФМ ги пофали судиите во ПМФЛ и ВМФЛ: Одлична арбитража и навремени ВАР интервенции

Фудбалската федерација на Македонија денеска информираше дека судиите викендов во Првата и Втората лига биле на висина на задачата.

Судискиот одбор на федерацијата ја оценил арбитражата како „одлична“, а посебно се истакнува дека имало и неколку корегирани одлуки со ВАР системот.

„Генералната оценка е дека судењето беше на одлично ниво, со правилна примена на Правилата на фудбалската игра, добра контрола на натпреварите и соодветно постапување при донесувањето на клучните судиски одлуки.

Особено значајно е што во неколку ситуации беше потврдена исправноста на одлуките донесени директно на теренот, додека во други, преку правилни и навремени ВАР интервенции, беа коригирани првичните одлуки на главните судии. Ваквото постапување ја потврдува функционалноста на ВАР системот, професионалната соработка меѓу судиските тимови и доследната примена на воспоставените протоколи“, нагласуваат од ФФМ.

Детално за спорните ситуации кои се анализираа можете да прочитате на официјалниот сајт на ФФМ – ТУКА.