Реклама
Arena Sport
Ракомет

Фуксе Берлин со пресврт го совлада Партизан, познати сите учесници во втората рунда

Фуксе Берлин со пресврт го совлада Партизан, познати сите учесници во втората рунда

Веспрем, ПСЖ, Мелсунген, Висла Плоцк, Алборг, Фуксе, Барселона, Споргинт, Магдебург, Киелце, ГОГ и Динамо Букурешт се екипите учеснички во следната фаза.

Германскиот тим Фуксе Берлин благодарение на одличниот настап во второто полувреме, го совлада тимот на Партизан со 40:33. Иако по првиот дел Србите имаа еден гол предност (17-18), сепак, во второто полувреме се разбудија Германците, го добија со 23:15.

Реклама
Arena Sport

Матијас Гидсел беше незапирлив кај победничкито тим со 12 голови, а Фрајхофер постигна 11. Кај Партизан Тобиас Вагнер постигна шест голови, додека по пет пати стрелаа Кулеш и Анѓелковиќ.

Воедно, Фуксе ја одбрани честа на домашните екипи вечерва. Спортинг славеше на гостувањето кај ГОГ 35:27м Пик Сегед го победи Кристијанштад со 31:26, Монпеље е порзен од Динамо Букурешт 26:36, додека Барселона славеше кај Скандерборг со 30:27.

Со тоа се познати и сите учесници во втората рунда од ова натпреварување. Ќе се играат повторно во групи, а сите тимови ги пренесуваат бодовите од групите. Така Веспрем, Барселона, Спортинг и Магдебург во новоформираните групи ќе стартуваат со по четири бодови.

Реклама
Arena Sport