Фудбал

Фудбалот во Грузија завиен во црно: Ненадејно почина легендарен играч и екс капитен на репрезентацијата

Фудбалот во Грузија завиен во црно: Ненадејно почина легендарен играч и екс капитен на репрезентацијата

Поранешниот капитен Грузија Георги Немсадзе, почина на 54-годишна возраст од срцев удар.

Грузискиот фудбал е завиен во црно после информацијата дека ненадејно почина поранешниот капитен на репрезентацијата Георги Немсадзе. Немсадзе почина на 54-годишна возраст како последица од срцев удар.

Немсадзе одигра 69 натпревари за репрезентацијата на Грузија во периодот од 1992 до 2004 година.

Како играч, беше дел од Динамо Тбилиси, потоа германски Хомбург, една сезона беше и во Трабзонспор, потоа мина во Швјцарија во Грасхоперс. Играше и за Реџиана, а потоа се врати во Грузија во Локомотив Тбилиси и Динамо, а од 2000 до 2003 година беше дел од шкотски Данди Јунајтед. Кариерата ја заврши во Динамо Тбилиси, а по завршувањето на играчката кариера, почнува тренерска.

Немсадзе селектор на Грузија до 17 години, а во 2019-2020 ја води Дила Гори. Потоа следната седна и на клупата на Динамо Тбилиси од 2020 до 2021 година. Потоа се вклучи и во политичките води како кандидат за партијата „Грузиски сон“ на локалните избори.