Славјето по важната победа над Мексико која Англија ја однесе во четвртфинале на Светското Првенство донесе неочекувани главоболки за стручниот штаб на англиската репрезентација. Една од главните ѕвезди, Хендерсон при прескокнување на рекламите во еуфоричната прослава на го повредил зглобот на раката.
The moment Jordan Henderson, fell and hurt his arm… Just after singing wonderwall… #England #Mexeng #FIFA https://t.co/4zxxUZkEap pic.twitter.com/mA1kFNrZ9B
— Jim howson (@Jim_Howson) July 6, 2026
Лекарскиот тим веднаш реагирал и играчот на Брентфорд на носилки бил изнесен од теренот. Првите прогнози се дека не се работи за сериозно оштетување на лигаментите, туку за полесно истегнување. Сепак, неговиот настап на следниот натпревар, како и до крајот на Мундијалот е под голем знак прашалник.
Селекторот Тухел не го криеше разочарувањето од начинот на кој е заработена оваа повреда, потенцирајќи дека во оваа фаза од турнирот е потребен максимален фокус до самиот крај. На прашање од новинарите, одговори дека нема информација кога Хендерсон би можел да се врати во стројот на Англичаните.
Англија за место во полуфиналето ќе се соочи со Норвешка, која успеа да го совлада Бразил со 2-1. Натпреварот е закажан за 11 јули од 23 часот.