Фудбал

Фудбалерите до 15 години ремизираа со Кендија и загубија од Чад на Светското првенство во Баку

Фудбалерите до 15 години ремизираа со Кендија и загубија од Чад на Светското првенство во Баку

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 15 години одигра нерешено 2:2 против Кенија во третото коло на Светското првенство во форматот 7+1, кое се одржува во Баку, Азербејџан.

Македонските надежи имаа предност од 2:1, но не успеаја да ја задржат до крајот на натпреварот. По една долга акција на противникот и грешка во нашата игра, Кенија стигна до израмнување и освои бод. Стрелци за Македонија беа Јетмир Асани и Хамза Зубери.

Претходно, македонските фудбалери претрпеа минимален пораз од Чад со 2:1, иако први го отворија резултатот. Противникот успеа да израмни, а во последните десет секунди од средбата го постигна и голот за целосен пресврт и победа.

Најмладите македонски репрезентативци, сепак, одлично го започнаа настапот на турнирот, совладувајќи ја Панама со убедливи 4:1 во првото коло.

По три одиграни натпревари, Македонија има победа, реми и пораз на Светското првенство во Баку.