Бордо некогашниот учесник во ЛШ, сега ќе игра со аматерски екипи
Францускиот фудбал ја потресе шокантна вест, откако славниот клуб Бордо со одлука на ДНЦГ (тело кое има надзор на финансиското управување на професиналните клубови во Франција), е администратовно исфрлен во Регионал 1, што е шесто по ранг натпреварување во Франција.
Одлуката предизвика неверување меѓу навивачите, со оглед дека станува збор за едно од најпознатите и најтрофејни клубови во историјата на францускиот фудбал.
Падот на Бордо е веќе неколку години, но никој не можеше да претпостави дека ќе заврши толку ниско во хиерархијата на францускиот фудбал.
Административното исфрлање претставув едно од најсилните „удари“ во богатата историја на славниот клуб, кој со децении беше редовен учесник на највисокиот ранг и на европските натпреварувања.
Ова е доказ дека финансиските проблеми може да ги погодат дури и клубовите со долга традиција. Бордо сега го чека исклучително тежок период, во кој ќе се обиде да го стабилизира своето работење и да го пронајде патот кон опоравување.