Проблем за идниот селектор на „триколорите“
Конечно, Зинедин Зидан дочека да стане селектор на Франција. Дидие Дешам заминува од клупата на Французите по мечот за третото место, а на негово место доаѓа екс тренерот на Реал Мадрид. Тоа е веќе одамна договорено, но до потпис има една бизарна пречка.
Назначувањето на Зидан ќе се пролонгира, поради тоа што бизарен правен проблем ќе го одложи целиот процес. Како што јавува „Л’Екип“ се појави пречка во новиот закон усвоен на 8. јуни од страна на францускиот Сенат и Националното Собрание.
Со законот се воведе ограничување на платите во одредени јавни претпријатија и организации од јавно значење, во која максималната може да изнесува 450.000 евра годишно. Ова важи и за селекторската функција, а со тоа сумата би била дури 10 пати помала од онаа која ја зема Дешам.
За да може да му се понуди договор на Зидан согласно неговите потреби, ќе мора Федерацијата да почека промена на законот, па потоа да биде официјализиран за нов предводник на францускиот национален тим.