Фудбал

Франција најголем фаворит за титулата на СП според статистичките анализи

Франција најголем фаворит за титулата на СП според статистичките анализи

Според статистичарите од платформата Football Meets Data, Франција има 26 проценти шанси да го освои Светското првенство, пред Англија (19%), Аргентина (13%) и Шпанија (12%).

Француската репрезентација е најголем фаворит за освојување на светската титула, покажуваат пресметките на аналитичарите од платформата Football Meets Data. Според овој извор, шансите на Франција да го подигне трофејот изнесуваат 26 проценти, што е повеќе од останатите екипи во турнирот.

Бранителот на титулата Аргентина има 13 отсто шанси за нов триумф, додека европскиот првак Шпанија е на четвртото место со 12 проценти. Англија, која пред почетокот на првенството не беше во најтесниот круг фаворити, сега е на второто место со 19 отсто шанси.

Што ги чека фаворитите? Франција во четвртфиналето игра против Мароко, додека Англија ќе се сретне со Норвешка. Аргентина и Шпанија имаат натпревари во осминафиналето. Аргентина игра против Египет, а Шпанците ги очекува Португалија.