Јапонците по триумфот на шампионатот што се одржува во Ротердам останаа на врвот во светската гимнастика во екипна конкуренција.
По триумфот пред четири години на Мундијалот во Антверпен и Олимписките игри во Париз, гимнастичарите од Јапонија ја продолжија триумфалната низа која е најдолга во последниве пет децении.
Битката за медалите беше крајно неизвесна и за првото место се решаваше во последната ротација во која селекциите на Јапонија, Русија и Кина влегоа со минимални разлики во бодовите.
На крајот Јапонија која настапи во состав Даики Хашимото, Риосуке Доим Шохеи Каваками, Фусуке Маеда, Нао Оџима и Шиносуке Ока славеше со 1,6 бода повеќе во однос на Русија додека со бронзата се закити Кина.
Петта се селекцијата на Велика Британија, а потоа следуваат САД, Холандија и Колумбија.

















ФОТО: Игор Паневски