Спорт

ФОТО: Јапонија ја потврдува фаворитската улога на СП во гимнастика

ФОТО: Јапонија ја потврдува фаворитската улога на СП во гимнастика

По првиот ден од квалификациите на Светското првенство во гимнастика што се одржува во Ротердам води репрезентацијата на Јапонија која до овој момент освои 254,529 бода или три повеќе од Велика Британија додека трета е селекцијата на Русија со 249,162.

Во конкуренција за медали остануваат и САД кои во финалната рунда што ќе се одржи в среда може да се вклучи во битката за некој од трофеите.

Во трката за учество во решавачките настапи во повеќебој доминација на Јапонците. На чело е Ока Шиносуке со 85,089 бода пред сонародникот Даики Хашимото додека трет е Русиниот, Арсениј Дукно.

Утре на програмата се завршните ротации во екипна конкуренција за мажите и почнуваат квалификациите за дамите.

ФОТО: Игор Паневски