Јапонецот, Даики Хашимото на Светското првенство во гимнастика што се одржува во Ротердам го освои златниот медал во повеќебој и по четврти пат во низа се искачи на тронот во оваа дисциплина.
Дваесет и пет годишниот Хашимото доминираше во финалето во повеќебој и на крајот до шестиот златен трофеј на мундијалите стигна со предност од 1,799 бода во однос на Јанг Хаонан од Кинда додека третото место му припадна на Британецот, Џо Фрејзер.
Русинот, Арсениј Дукно до последниот настап на вратило беше во трката за медал, но за жал во текот на вежбата падна и на крајот ја освои дури седмата позиција.
Неговиот сонародник, Даниел Маринов заврши како четврти, а зад него се пласираа Анхел Барахас од Колумбија и Џермејн Блејк од Велика Британија.
Меѓу десетте најдобри завршија Јапонецот, Ока Шинозука, Ричард Фредерик од САД и Швајцарецот, Зајферт Ное.
В петок на програмата е финалето во повеќебој во женска конкуренција, а викендов ќе се поделат медалите во поединечните настапи по справи.

















ФОТО: Игор Паневски