Спорт

ФОТО: Прво поединечно мундијалско злато за Блејкли

ФОТО: Прво поединечно мундијалско злато за Блејкли

Американската гимнастичарка Скај Блејкли е нова Светска шампионка во повеќебој.

Таа на првенството што се одржува во Ротердам во финалето освои вкупно 55,733 бода и за прв пат во кариерата се искачи на највисокото место на подиумот во поединечна конкуренција откако претходно освои две злата и едно сребро со репрезентацијата на САД.

Второто место со 0,534 бода помалку го освои Људмила Рошчина од Русија додека со бронзата се закити Чинчин Ке од Кина.

Најдобрата по квалификациите, Кајла Нејмур од Алжир на крајот заврши на четвртата позиција со само 0,034 бода заостаток зад Ке.

Петта е Јапонката, Аико Сугихара, а место меѓу десетте најсестрани гимнастичарки на светот обезбедија Елена Кола од Франција, Американката, Клер Рис, Алба Петиско од Шпанија, ЧингЈинг Жанг од Кина и Италијанката, Џулија Пероти.

Викендов во завршните два дена на Светското првенство во гимнастика на програмата финалните настапи по справи во машка и женска конкуренција.

ФОТО: Игор Паневски