На последниот ден од Светското првенство во гимнастика што се одржа во Ротердам, доделени се медали во пет дисциплини во поединечна конкуренција.
Кинезот, Жу Јингјуан ја продолжува доминацијата на разбој. Тој во Ротердам одбрани титулата освоена минатата година во Џакарта и за него ова е петти златен медал на оваа на Светските шампионати, а во колекцијата има уште две најсјајни одличија од Олимписките игри во Токио и Париз.
Второто место му припадна на Хрватот, Илија Ковтун додека бронзата ја освои Даниел Маринов од Русија.
Кајлија Нејмур од Алжир беше најдобра во вежбата на греда и по вчерашниот триумф на двовисински разбој по втор пат се закити со златен трофеј на Мундијалот во Ротердам. Втора е Жанг Чингјинг од Кина, а трета Бразилката, Флавија Саравија.
По бронзата на Олимписките игри во Париз, Танг Чиа Хунг од Тајван за прв пат во кариерата овои златен медал на Светските првенства. Тој имаше најдобра оценка за вежбата на вратило и триумфираше пред актуелниот олимписки првак, Ока Шинозуке од Јапонија и Русинот, Сергеј Наидин.
На партер во женска конкуренција доминација на американките. Клер Пејс го освои златото пред сонародничката Рис Еспонда, а трета е Маијана Прат од Франција.
Артур Давтјан по четири години повторно е Светски првак во прескок. Триесет и четири годишниот Ерменец по среброто во Џакарта се врати на тронот во Ротердам. Второто место му припадна на Џејк Џарман од Велика Британија, а со бронзата се закити Норвежанецот, Себастијам Споневик.
Најуспешни нации на првенството се САД и Кина со по три златни медали, но Американџите во вкупниот скор имаат осум одличја.
По четири трофеи освоија гимнастичарите од Ерменија (две злата), Јапонија и Русија.
Следниот шампионат е на програмата во 2027 година, а домаќин е кинескиот град Ченгду.


















ФОТО: Игор Паневски