Репрезентацијата на Кина триумфираше на Светското првенство во гимнастика во екипна конкуренција кај дамите.
Кинеските гимнастичарки со триумфот во Ротердам се вратија на тронот по пауза од 20 години, а воедно ја прекинаа доминацијата на САД кои седум пати едно по друго го освојуваа мундијалското злато.
Кина последен пат на највисокото место на подиумот се искачи во 2006 година на првенството во Архус кога славеше пред САД и Русија.
Ду Си Ју, Чин Шин Ји, Ке Кин Кин, Чиу Чи Јан, Жанг Јихан и Жан Чинг Инг по настапите на четири справи, прескок, греда, двовисински разбој и партер освоија вкупно 165,764 и до големиот триумф стигнаа со предност 0,231 бод во однос на САД додека третото место и бронзениот медал им припадна на гимнастичарките од Јапонија.
Настапот во екипна конкуренција на четвртата позиција ја заврши Франција, Бразил петти, а гимнастичарките од Русија го освоија шестото место.
Италија е седма, а последна во финалето беше репрезентацијата на Канада.
Светското првенство во гимнастика продолжува в четврток со битката за медали во повеќебој во машка конкуренција.

















Фото: Игор Паневски