Бразилката, Ребека Андраде на претпоследниот ден од Светското првенство во гимнастика по трет пат во кариерата се закити со златен медал.
По две години пауза, шесткратната освојувачка на олимписки медали на овој шампионат беше најдобра во прескок и триумфираше пред Американките, Клер Пис и Скај Блејкли.
Во двовисински разбој најдобра беше Кајла Немур од Алжир, која се врати на тронот откако минатата година славеше во Џакарта. Среброто и припадна на Германката, Хелен Кервиц додека трета е Блејкли.
Кај мажите првото злато денеска му припадна на Американецот, Фредерик Ричард беше најуспешен на партер. Место на подиумот обезбедија уште Џејк Џарман од Велика Британија и Израелецот, Артем Долгопјат.
На коњ со рачки убедлив беше Ерменецот, Хамлет Манукјан пред Габриеле Таргете од Италија и сонародникот Мамикон Хачатрјан.
Во последното финале во машка конкуренција, Лан Шингју од Кина добри најдобри оценки за настапот на кругови. Среброто му припадна на Гркот, Елефтериос Петрунијас додека со бронзениот медал се закити Ерменецот, Артур Аветисјан.
В недела на последниот ден од првенството ќе се доделат медали во уште пет финални дисциплини, три во машка и две во женска конкуренција.

















ФОТО: Игор Паневски