Спорт

ФОТО: Американките најдобри по првиот ден од тимските квалификации

ФОТО: Американките најдобри по првиот ден од тимските квалификации

На вториот ден од Светското првенство во гимнастика што се одржува во Ротердам почнаа квалификациите за место во финалето во екипна конкуренција кај дамите.

По првите настапи води селекцијата на САД која освои 164,539 бода, два повеќе од Италија додека на третата позиција се наоѓа Јапонија со 161,630 бода.

Место во финалето треба да обезбеди и Германија, а меѓу првите осум се уште репрезентациите на Австралија, Мексико, Белгија и Романија.

Во поединечна конкуренција во битката за финалето во повеќебој исто така доминација на гимнастичарките од САД. На чело е Скај Блејкли со 55,465 бода пред сонародничката Клер Пис, а на третото место е Јапонката, Рина Киши.

Утре во завршниот круг од квалификациите во женска конкуренција ќе настапат фаворитките за највисок пласман, гимнастичарките од Кина како и репрезентативките на Русија, Велика Британија и домаќинот Холандија.

Фото: Игор Паневски