ГН на Германија, на патеката во Хокенхајм би можела наскоро да се врати во календарот.
Болидите на Формула 1 би можеле повторно да возат низ легендарната патека Хокехнајм во Германија, откако се започнати преговори за враќање на оваа патека во календарот на најбрзите болиди на планетата.
Патеката Хокенхајмринг, која последен пат беше домаќин на Формула 1 во 2019 година, ќе биде под управување на нови инвеститори, кои планираат големи инвестиции во целиот комплекс.
Групацијата „Емодром“, која поседува речиси 75 проценти од сопственоста на Хокенхајм, најави инвестиција од 250 милиони евра во проширување на центарот „Порше Експириенс“, изградба на хотел и новиот комплекс „Моторворлд“.
Во рамките на тие планови, се разгледува враќањето на Формула 1, а ова го потврди и извршниот директор Стефано Доменикали, потврди дека првите контакти се веќе направени.
„Хокенхајм прво не контактираше и имавме почетни разговори. Тие развиваат цел мотоспорт парк со различни цели. Ако сакаат да разговараме за враќањето на Формула 1, потребни се различни инвестиции, бидејќи нашата платформа бара различно ниво на инвестиции. Сепак, разговаравме за тоа“, рече Доменикали.