Германскиот стратег до големиот јубилеј дојде по убедливата победа од 6:1 над Алавес, со која каталонците повторно се искачија на врвот во Ла Лига.
Ханси Флик оствари значаен јубилеј на клупата на Барселона, откако ја забележа својата 100-та победа како тренер на каталонскиот гигант.
Големиот успех германскиот стратег го прослави на најдобар можен начин – со убедлив триумф од 6:1 над Алавес во 11. коло од шпанското првенство. Со освоените три бода, Барселона повторно се најде на првото место на табелата.
Флик не го криеше задоволството од достигнувањето, иако призна дека ретко се навраќа на минатото.
„Обично не гледам назад, но исклучително сум среќен поради овие 100 победи. Се надевавме дека ќе одиграме 100 натпревари со Барселона, а веќе имаме 100 победи. Можеби најубавиот спомен ми е првиот триумф во Ел Класико во Мадрид, иако имаше многу одлични натпревари“, изјави Флик.
Германецот така продолжува да испишува успешна приказна во Барселона, со која освои бројни симпатии благодарение на офанзивниот стил на игра и резултатите во досегашниот период.