Фудбал

ФИФА ја признава грешката: Најавено укинување на паузата за освежување!?

ФИФА ја признава грешката: Најавено укинување на паузата за освежување!?

Паузата за освежување, што ФИФА ја спроведе на овогодинешното Светско првенство, не беше добро прифатена од фудбалските навивачи, поради што продолжувањето на оваа практика ќе биде внимателно разгледано.

Ова го потврди поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер, кој ја извршува функцијата раководител на одделот за глобален развој на фудбалот во ФИФА откако го напушти лондонскиот клуб.

„Добив впечаток дека на луѓето не им се допаднаа овие паузи. По првенството ќе анализираме каков ефект имаа. Не забележав дека влијаеја на резултатите од натпреварите, но ние сме тука за навивачите и нивното искуство е исклучително важно “, беше јасен Венгер.

Французинот истакна дека не сите реагирале на ист начин на ова правило, но дека ставот на ФИФА бил експлицитен дури и пред почетокот на турнирот.

„На многу натпревари, особено на затворените стадиони, публиката не беше задоволна. Сепак, пред почетокот на турнирот, беше донесена одлука правилото да се примени на сите натпревари, без исклучок “, рече тој.