Советот на Светската фудбалска организација (ФИФА) не го прифати предлогот за промена на дисциплинските правила, кој беше разгледан по скандалот со суспензијата на американскиот репрезентативец Фоларин Балогун на Светското првенство (СП).
Случајот предизвика голема бура откако Балогун доби црвен картон на натпреварот против Босна и Херцеговина, по што автоматски требаше да пропушти еден натпревар. Сепак, дисциплинската комисија на ФИФА ја суспендираше казната за одреден период, со што напаѓачот доби можност да настапи против Белгија во осминафиналето.
Скандалот дополнително се прошири откако американскиот претседател Доналд Трамп јавно откри дека му се јавил на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, за да побара преиспитување на казната.
По критиките, ФИФА разгледуваше промена со која во иднина автоматските суспензии од еден натпревар по црвен картон не би можеле да бидат укинати на истиот начин. Сепак, Советот на ФИФА не го прифати предлогот на состанокот во Цирих.
Во меѓувреме, Инфантино се соочува со големи критики за управувањето со ФИФА, откако се појавија информации за контроверзен план отстапување на дел од комерцијалните права поврзани со Светското првенство на приватни инвеститори.