Светското првенство кое се одржува во САД, Мексико и Канада изобилува со контроверзи, а се чини дека тие ќе завршат кога ќе заврши и тоа, на финалето.
Проблемите со неиздавање на визи, деталните претреси, паузата за вода во текот на натпреварите, одлуката за поништување на суспензијата на Балогун… се дел од ситуациите кои предизвикаа реакции, но тоа нема да биде се.
Според „Тајмс“ ФИФА планира на финалето во Њуџерси полувремето наместо 15 минути да трае половина час. Сето тоа е поради музичко шоу на кое ќе настапат повеќе ѕвезди.
Ваквиот план предизвика реакции бидејќи правилата на ИФАБ предвидуваат полувремето да не трае подолго од 15 минути. Предлогот за продолжување на паузата еднаш веќе беше одбиен поради загриженост дека долгото мирување може да го зголеми ризикот од повреди кај фудбалерите.
Но, ФИФА сака по секоја цена да ја протне оваа одлука и да овозможи пауза од половина час за музичко шоу.