Шефот на судиите на ФИФА Пјерлуиџи Колина врати на обвинувањата на францускиот селектор кон арбитарот Бартон на вчерашното полуфинале
Франција не успеа да се пласира во финалето на Светското првенство, откако загуби од Шпанија со 2-0. Шпанците со головите на Ојарзабал и Поро, успеаја да дојдат до мечот за големиот трофеј.
Многу полемики предизвика изјавата на француцскиот селектор Дидие Дешамп по натпреварот, кој праша: „Дали овој судија е достоен да суди полуфинале на Светското првенство?“.
Следуваше реакција од ФИФА, поточно од шефот на судиите на светската фудбалска организација, легендарниот Пјерлуиџи Колина кој имаше одговор за критиките на Дешам за судиите.
Тој на прашањето на Дешам дали е достоен да суди полуфинале, Колина кратко одговори: „Да, апсолутно“.
Судија на мечот беше Иван Бартон од Ел Салвадор.